Меѓународната експертска мисија во Вухан заклучи дека е многу веројатно вирусот ковид-19 да се пренесувал од лилјаци на луѓе, преку друго животно. Речиси целосно ја исклучи можноста вирусот да „избегал“ од лабораторија.
Извештајот на меѓународната мисија во Вухан со нетрпение се чекаше откако тимот ја напушти Кина пред повеќе од еден месец. Експертите веруваат дека вирусот САРС-КоВ-2, кој ја предизвикува болеста ковид-19, потекнува од лилјаци.
Една од анализираните можности беше вирусот директно да се пренесува од лилјаци на луѓе. Според конечниот извештај на стручниот тим, таа можност е „можна до веројатна“.
Според стручниот тим, најверојатно вирусот преминал од лилјак на друго животно, кое потоа заразило луѓе.
Извештајот не ја исклучи замрзнатата храна како начин за пренесување на вирусот, а ова е омилена теза во Пекинг, бидејќи се чини дека вирусот може да преживее под нулата.
– Внесувањето преку канали за ладна храна се смета за можно – се вели во извештајот.
Конечно, извештајот ја анализираше идејата за „бегство“ на вирусот од лабораторија, на пример од Институтот за вирусологија во Вухан, но се наведува дека не постојат записи за постоење на вирус сличен на SARS-CoV -2 вирусот во која било лабораторија пред декември 2019 година и истакнува дека во лабораториите на Вухан се воспоставени високи безбедносни стандарди.