За 15 проценти е зголемен бројот на заразени со новиот коронавирус во Европа, во последните седум дена.
Како што изјави денеска директорот на СЗО за Европа, д-р Ханс Клуге, бројот на смртни случаи во Европа е зголемен за 18 проценти во истиот период.
Тој кажа дека европскиот регион моментно опфаќа 46 отсто од сите заразени во светот и 63 отсто од смртните случаи.