Во Србија се потврдени уште пет случаи на инфекција на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на 46 лица, објави вечерва министерот за здравство, Златибор Лончар.

Министерот на прес-конференција рече дека денес во Србија биле тестирани 12 лица, а пет биле позитивни.


Во Италија заразени 21.157 лица

Во Италија досега од коронавирусот почина 1.441 лице, од кои 175 само во последните 24 часа.

Тоа е намалување од вчера, кога во рок од 24 часа починаа 250 луѓе.

Бројот на заразени лица се искачи на 21.157, соопштија италијанските власти.