Еден од тројца Американци нема да се вакцинира, покажаа резултатите од истражувањето на Центарот за истражување на јавни работи АП-НОРК, додека 67 проценти планираат да бидат вакцинирани или веќе го сториле тоа.
Од оние кои немаат намера да се вакцинираат, 15 проценти се сигурни дека нема да го сторат тоа, а 17 проценти велат дека најверојатно нема да го сторат тоа.
Многумина изразија сомневање во врска со безбедноста и ефикасноста на вакцината, иако се појавија само неколку сериозни несакани ефекти за повеќе од еден и пол месец од вакцинацијата.
Д-р Ентони Фаучи, водечки владин научник за заразни болести, процени дека треба да се вакцинираат помеѓу 70 и 85 проценти од американската популација за да се запре коронавирусот од кој починаа скоро 470.000 Американци.