Секое петто новозаразено лице во Данска, кај кое е откриен вирусот во последната недела од јануари, е заразено со новиот вид што беше откриен во Велика Британија. Затоа експертите тврдат дека карантинските мерки и натаму се неопходни во борбата против пандемијата.
Новиот вид, за кој официјалните лица во Данска веруваат дека може да биде позаразен и до 50 отсто, се очекува да стане доминантен до средината на февруари, пренесува „Ројтерс“.
Во Данска досега се заразиле нешто повеќе од 200.000 луѓе, а пријавени се 2.200 смртни случаи како последица на ковид-19.