Министерството за одбрана на Русија избра 50 доброволци од редовите на војската за тестирање на вакцината против коронавирусот, јави новинската агенција ТАСС.
Министерството соопшти дека 50 војници, меѓу кои и пет жени, биле избрани бидејќи изразиле желба да учествуваат во тестирање за безбедноста и ефикасноста на вакцината против коронавирус.
Во Русија, во последните 24 часа од ковид-19 починаа уште 182 луѓе, така што вкупната бројка на смртни случаи сега изнесува 5.037 лица.