Русија ќе стане првата земја во светот што регистрираше вакцина против болеста ковид-19 под името „Спутник 5“, пренесува „Спутник“. Вакцината е произведена од институтот „Гамалеја“ и моментно е во трета фаза на тестирање.
Белорусија ќе биде првата земја што ќе ја добие руската вакцина „Спутник V“, објави прес-службата на претседателот Лукашенко по неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Според белоруската новинска агенција „Белта“, Путин и Лукашенко разговарале за ситуацијата во Белорусија и се согласиле земјата да учествува во третата фаза од тестирање на руската вакцина против коронавирусот.