Во Русија во последните 24 часа регистрирани се 25.142 нови случаи на ковид-19 а починаа 663 лица. Ова е највисок број на новозаразени во еден ден од почетокот на јануари.
Во Русија последниве денови се бележат рекорди.
Вчета беа евидентирани 697 смртни случаи со зараза од ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата и петти ден по ред се постигнуваат рекордни бројки на смртни случаи, пишува Ројтерс.
Владината работна група за коронавирус соопшти вчера дека имало 24.439 нови случаи. Надлежните сметаат дека делта-сојот е виновен за ваквата негативна статистика, кој првпат е забележан во Индија.