Француските органи надлежни за здравството пријавија 52.518 нови случаи на заразени со коронавирус, во последните 24 часа, што е рекорден дневен број заразени од почетокот на епидемијата во Франција.
Новите податоци покажуваат дека вонредните мерки во Франција, кои се воведени во петок 30 октомври, допрва треба да донесат резултати.
Бројот на починати од последиците на заразата со коронавирус во Франција е зголемен за 416, а бројот на пациенти на болничко лекување е зголемен за повеќе од 1.000 на 25.143.
Во Франција од почетокот на пандемијата се на тестот за коронавирус биле позитивни 1.466.433 лица, а починале 37.019 заразени.