Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика руските власти да бидат подготвени за какво било сценарио, како резултат на ширењето на новиот коронавирус.
 

Вршителот на должноста гувернер на Севастопол, Михаил Развожаев, го извести претседателот дека 77 лица се ставени под медицински надзор во Севастопол, а осуммина се пренесени во болница поради сомневање за коронавирус, јави ТАСС.

„Засега нема потврдени случаи, но ќе провериме за секој случај“, рече Развожаев.

– Мораме да бидеме подготвени за какво било сценарио, затоа вие ја правите вистинската работа – одговори Путин.

Во Русија, досега се потврдени 147 случаи на коронавирус.