Претседателот Владимир Путин изјави дека руските вакцини се исто така ефикасни против новите видови коронавирус што се шират во Европа.
Тој на средбата со директорката на Федералната медицинско-биолошка агенција, Вероника Скворцова, рече дека руските вакцини се ефикасни против новите видови на коронавирусот, кои денес ги плашат сите во Европа и не само во Европа, пренесува „РИА новости“.
Скворцова изјави дека досега во Русија се идентификувани 3,5 илјади мутации на коронавирусот, но таа истакна дека сите се еднонуклеотидни и немаат никакво значење за вирусот како целина, освен седум мутации, чија фреквенција надминува 5 проценти во човечката популација.
Во Русија во моментот има три вакцини против ковид-19, и тоа „спутник В“, „епивакорона“ и „ковивак“.