Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека е меѓу првите кои ја примиле новата руска вакцина против ковид-19.
Тој ја примил вакцината во спреј, која му била ставена преку нос без игла, како дел од неговата реимунизација. Путин потврдил дека примил назална формула, заедно со бустер-доза, пренесува РТ.
– Ме замолија длабоко да вдишам и да избројам до три – изјавил рускиот претседател и додал дека за време на процесот не почувствувал ништо.
Шест месеци после вакцинацијата, нивото на моите антитела опадна и стручните лица ми препорачаа да се ревакцинирам, бјаснил Путин.