Здравствените работници ширум САД излегоа на улиците, барајќи од федералните и национални власти побезбедни услови за работа и заштитна опрема неопходна за борба против пандемијата на коронавирусот.
Лекарите и медицинските сестри протестираа поради недостиг на маски со вентилација, визири, ракавици и заштитни одела, јави Си-ен-би-си.
„Кој ќе се грижи за вас кога ќе умреме“, „Луѓето пред профитот“, „Нема да ви бидеме торби за трупови“, „Ако работиме болни, и вие ќе се разболите“, се дел од транспарентите што ги носеа здравствените работници.