Фудбалските натпреварувања во Англија се прекинуваат до 3 април поради ширењето на коронавирусот, објавува Би-би-си.
Сите мечеви од Премиер-лигата, пониските дивизии, како и првенството во женска конкуренција ќе бидат одложени.
Премиер-лигата соопшти дека натпреварувањето би продолжило до 4 април „врз основа на медицинските совети и моментните услови“.
Фудбалската асоцијација соопшти и дека се одложени и мечевите на англиската репрезентација против Италија на 27 март и против Данска четири дена подоцна.
Клубовите добија препорака да ги избегнуваат и активностите како што се јавните појавувања на играчите, посетите на тренинзите и средбите со навивачите.