Студијата од Њујоршкиот универзитет тврди дека дебелината е ризик број еден за да настанат компликации и хоспитализација поради коронавирус кај луѓе над 65 години, пренесува „Дејли мејл“.
Населението над 65 години се карактеризира како ризична група за заболување од коронавирус.
Постарите луѓе со прекуменра тежина имаат поголеми шанси да бидат хоспитализирани поради компликации предизвикани од коронавирус, па дури и повеќе отколку пациенти со карцином или проблеми со белите дробови, предупредуваат истражувачите.
Универзитетот во Њујорк истражувал над 8000 пациенти и открил дека луѓето над 65 години со БМИ (индекс на телесна маса) над 30 се изложени на најголем ризик од смрт.
Истражувачите откриле дека дури 46 отсто од сите пациентите хоспитализирани со коронавирус биле на возраст над 65 години.
Научниците истакнаа дека возраста е дефинитивно најголемиот фактор на ризик за хоспитализација, а здравствената состојба која најчесто се поврзува со сериозноста на болеста е прекумерната тежина.
Посебна студија покажа дека пациентите на возраст под 60 години имаат двојно поголема веројатност да имаат потреба од болничка нега или вештачка вентилација доколку имаат прекумерна тежина.