Пекинг вчера го забележа првиот случај на коронавирус по речиси шест месеци, или првиот случај по 179 дена, пренесува Си-ен-ен. Во тој град денеска беше пријавен втор случај.
Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на делта-сојот на вирусот. Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.
Вчера во Кина се регистрирани 49 нови случаи на коронавирус, а 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.