По три месеци карантин, Италија почна постепено да ги отвора своите граници, а Венеција ги прими првите туристи.
Фотографиите објавени од „Гардијан“ покажуваат туристи во не преголем број, кои шетајќи со маски на лицата прават обиколка на знаменитостите на италијанскиот град или пак се сончаат на скалите на плоштадот Свети Марко.
Како што се наведува, во бројните галерии и музеи туристите се должни да носат заштитни маски и да одржуваат физичко рстојание, во затворените простории се контролира да нема преголема раздвиженост, па дури и познатите гондолиери се должни да носат маски.
Вратите за туристи беа отворени изминатиот викенд, освен за државјани на Велика Британија.