Рускиот претседател Владимир Путин реши да ја одржи денешната средба со членовите на владата преку видеоконференција, соопшти Кремљ.
Одлуката е донесена само еден ден откако е потврдено присуството на коронавирус кај директорот на болницата, кај кого Путин беше во посета минатата недела.
Денис Прошенко му беше домаќин на претседателот на Русија кој ја посети московската болница каде што се лекуваат заболени од ковид-19.
Откако дознал дека Прошенко е заразен, тој се заклучил во својата канцеларија.
Кремљ тврди дека сè е во ред со здравјето на Путин, дека тој одржува пропишана оддалеченост од луѓето и дека работи во изолација.