И вториот тест на германската канцеларка Ангела Меркел е негативен на коронавирус, соопштија од нејзиниот кабинет. Таа од неделата е во самоизолација затоа што била во контакт со доктор, кој е заразен од вирусот.
Првиот тест на канцеларката во понеделникот беше негативен.
– Таа е добро и од дома телефонски разговара со претставниците на меѓународната заедница – рече портпаролот Штефан Зајбер.