Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани е позитивна на коронавирус, по неколку тестови кои беа негативни. Веста ја пренесе преку својот профил на Твитер.
– Откако бев постојано негативна на тестовите, вклучително и секој ден од четвртокот, во понеделникот наутро бев позитивна на тестот за ковид-19. Немам симптоми – соопшти таа и додаде дека ниту еден новинар не е на списокот на блиски контакти во медицинската единица на Белата куќа.