Полска пријави 25.052 новозаболении според податоците на Министерството за здравство, што е најголем број оваа година во земјата која се приближува кон воведување општ карантин.
Во Полска се воспоставени регионални затворања за да се спречи ширењето на многу заразната британска варијанта, а владата рече дека е можно затворање во целата земја доколку не се запре растот на бројот на новоинфицирани.
Бројот на заразени во средата го надмина претходниот рекорден број од 2021 година, забележан во саботата, кога имало 21.049. Во последните 24 часа 453 лица починаа од Ковид-19.
Во Полска, која има 38 милиони жители, се забележани вкупно 1.956.974 заболени и 48.032 починати.
Дневниот број на заразени се зголемува и се приближува до рекордот од 7 ноември, кога имаше 27.875.