Полицијата во Обединетите Арапски Емирати ќе добие паметни кациги, кои ќе им помогнат во откривање луѓе заразени со коронавирус.
Паметните кациги ќе ја скенираат температурата на стотици луѓе наоколу за да откријат дали некој има треска, што значи дека се потенцијално заразени.
Кацигите може да скенираат до 200 луѓе во минута, а кинеската компанија што ги произведува наведува дека веќе добиле нарачки од многу земји на Блискиот Исток, Европа и во Азија.
Обединетите Арапски Емирати имаат повеќе од 8.000 потврдени случаи на зараза со коронавирус, а 50 лица починаа.