Полицаец во Киншаса, Демократска Република Конго, уби студент затоа што не носел заштитна маска при снимање видео.
– Нашиот колега Оноре Шама, студент по литература на Универзитетот во Киншаса, снимаше видео како дел од практична работа поврзана со жанрот комедија. Полицаецот му рекол да стави маска, но и покрај објаснувањата и откако ја ставил маската, полицаецот се налутил бидејќи очекувал да добие пари и го обвинил за пружање отпор, по што пукал во него од непосредна близина – изјави студент кој го посведочил настанот.
Полицаецот е во бегство.
Полицајците во Киншаса редовно ги малтретираат луѓето и бараат пари за казна, без да издадат потврда за плаќање, јавуваат медиумите.
Вакцинацијата е прекината од 19 јули, бидејќи поминал рокот на вакцината „Астра зенека“.