Рускиот фонд за директни инвестиции објави дека на 29 јануари било поднесено барање за регистрација на вакцината „спутник в“ во Европската унија.
Тимови од руските производители на вакцини и Европската агенција за лекови (ЕМА), веќе одржале научна експертиза на вакцината.
ЕМА треба да донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.
Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, Палестина, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.