Коронавирусот влегол во одделот за нефрологија на Клиниката „Хајнрих Браун“ во Цвикау, Германија, а двајца пациенти починале.
Според полициското соопштение, со коронавирус се заразиле девет пациенти и седум вработени на нефрологија.
Кај двајца пациенти, инфекцијата се развила во тешка болест, со фатален исход.
Поради влегувањето на коронавирусот, одделот за нефрологија бил затворен и изолиран.
Вирусот го донела пациентка која немала симптоми и која неодамна била пуштена од болница.
Дури по посетата на амбулантата таа била позитивно тестирана на коронавирусот, за што била известена и клиниката.
Потоа, биле тестирани пациентите и персоналот на одделот за нефрологија, вклучувајќи четири медицински сестри, еден лекар, еден физиотерапевт и една хигиеничарка, кои се наоѓаат во домашен карантин.
Седум заболени пациенти се пренесени во ковид одделот.