Канада официјално е во рецесија во првиот квартал, предизвикана од пандемијата ковид-19, соопшти советот на влијателниот институт „ЦД Хау”, во време кога официјалната статистика сугерира дека економијата во март е намалена за девет проценти.
Канадскиот институт смета дека забавувањето на економијата покажува дека е време да се прогласи рецесија.
– Членовите се согласија дека со примена на методологијата на Советот со првичните расположливи податоци, Канада влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година – соопшти советот на канадскиот институт.