Деведесет илјади членови на екипажи и повеќе од 100 крузери се заробени на море во или во близина на американските води и пристаништа, јави Еј-би-си повикувајќи се податоци од американската Крајбрежната стража.
Најмалку 10 од тие бродови пријавиле дека имаат членови на екипажот кои се позитивни на коронавирус или имаат симптоми слични на коронавирус, според Центарот за превенција на болести. Тие додадоа дека ситуацијата е слична на уште 20 бродови што се наоѓаат во американските пристаништа.