САД во просек вакцинираат 200 илјади луѓе дневно против ковид-19, а повеќе сојузни држави искористија мал процент од пратките со вакцини кои ги добија месецов, објавува „Блумберг“.
Собраните податоци покажуваат дека во рамките на т.н. „Операција ворп-брзина“ се дистрибуирани милиони дози на вакцини, но оти одредени сојузни држави бавно ја спроведуваат имунизацијата. На тој начин станува извесно дека целта на администрацијата на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, за вакцинација на 20 милиони луѓе до крајо на годинава нема да биде постагната, според анализите на „Блумберг“.
Статистиката објавена во понеделникот покажува дека 2,13 милиони луѓе биле вакцинирани, наспроти дистрибуцијата на 11,45 дози на вакцини од „Модерна“ и од „Фајзер“. Тоа претставува околу 20 отсто од добиените дози. Орегон искористил 15,3 отсто од залихата, Охајо 14,3 отсто, а Мериленд 10,9 отсто.
Надлежните ги посочуваат комплексните услови за складирање на деликатната вакцина, неизвесноста околу снабдувањето и оптоварените локални здравствени агенции меѓу причините за ваквата ситуација.
Повеќе од 330 илјади Американци досега починаа од коронавирусот, со што се смета дека спроведувањето на вакцинацијата е од критично значење.