По Европското првенство во фудбал, договорено е и Олимпијадата во Токио да биде одложена за една година, а двете натпреварувања ќе се одржат во 2021 година.
Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах се договорија телефонски дека најдобро решение за сегашната состојба е да се одложат Олимписките игри за една година, па ќе се одржат во 2021 година, како и Европското првенство во фудбал,
– Го прашав претседателот Бах за можноста да се одложи натпреварот за една година, за да можат спортистите да се натпреваруваат во најдобри услови и натпреварот да се одржи во услови безбедни за конкурентите и гледачите. Претседателот Бах комплетно се согласи – рече јапонскиот премиер.
Олимписките игри во 124 години од својата модерна историја никогаш не беа одложени, а беа откажани во 1916, 1940 и 1944 година во времето на светските војни.