Американскиот филмски режисер Оливер Стоун беше вакциниран против ковид-19. Тој во интервју за руската национална телевизија зборувал дека не разбира зошто на Запад ја игнорираат, објави „Москва тајмс“.
Стоун бил во обиколка на нуклеарните централи во Русија за неговиот следен документарен филм за климатските промени. Во интервјуто за рускиот „Прв канал“ изјавил дека планира да се врати за да прими втората доза од вакцината.
Министерството за здравство на Русија ја регистрира вакцината „спутник 5“ уште во август. Вакцината ја направи рускиот Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции.