Околу 4.000 германски туристи кои се заразиле со коронавирусот се приклучуваат на тужбата на Здружението за заштита на потрошувачите (VSV) против австрискиот ски-центар Ишгл.
Властите на Ишгл и покраината Тирол се обвинуваат дека намерно реагирале доцна на избувнувањето на инфекцијата на коронавирус, дека се обиделе да ја прикријат опасноста со цел да ја продолжат сезоната на скијање.
Според „Дојче веле“, 4.000 Германци кои се заразиле во градот се приклучиле на тужбата.
Претседателот на ВСВ, Петер Колба, поднесе тужба до Обвинителството во Тирол, кое мора да го испита случајот и да одлучи дали има основа за обесштетување на жртвите.
Колба посочува дека имало финансиски и политички мотиви за да се одложи сезоната на скијање што е можно подоцна.