Во 145 земји пријавени се 145.553 потврдени случаи на коронавирус, според последните податоци. Досега се излекувани 72.551 лица, а 5.438 починати, објави „Ворлдометерс“.
Најголем број излекувани се забележани во Кина 65.564, по што следат Италија 1.439, Иран 3.529, Јужна Кореја 714 и Шпанија 193.
Што се однесува до активните случаи, најголем број случаи има во Италија со 14.955, од кои 1.328 лица имаат посериозни заболувања, по што следат Кина 12.071 од кои 4.020 се посериозно болни, Иран 7.321, Јужна Кореја 7.300 од кои 59 се потешко болни и Шпанија 4.906, каде 272 се во тешка сотојба.
Кина сè уште има најголем број на заразени, во кои спаѓаат и излекуваните, 80.824, додека бројот на починати е 3.189. Италија следи со 17.660 заразени и 1.266 мртви, Иран 11.364 заразени и 514 мртви. Во Јужна Кореја има 8.086 заразени и 72 смртни случаи, во Шпанија има 5.232 заразени и 133 починати од коронавирус.