Норвешката влада ќе олесни некои ограничувачки мерки бидејќи силните мерки против коронавирусот, кои беа воведени пред две недели, се покажаа ефикасни, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.

„Иако се чини дека мерките се ефикасни и дека заразата е помала, ситуацијата е сè уште неизвесна“, додаде Солберг во парламентот, пренесува „Ројтерс“.

Со олеснување на мерките на домаќинствата ќе им биде дозволено да примаат гости, но ќе има најмногу пет посетители.

Децата и тинејџерите може да ги продолжат своите спортски активности, но кафулињата и рестораните сè уште имаат забрана да служат алкохол.