Норвешката полиција објави дека ја казнила премиерката Ерна Солберг поради кршење на правилата за физичко растојание поради ковид-19, за време на семеен собир по повод нејзиниот роденден.
„Ројтерс“ пренесува дека началникот на полицијата, Оле Сајеваруд, на прес-конференцијата објавил дека казната за премиерката е изречена во износ од 2.352 долари.
Солберг се извини минатиот месец за организирањето на нејзината 60-та роденденска прослава со 13 членови на семејството во планинско одморалиште кон крајот на февруари, и покрај забраната на владата за собири со повеќе од 10 лица.