Научниците кои работат за американската војска дизајнираа нов тест за ковид-19 кој може да утврди присуство на вирусот 24 часа по заразувањето, период во кој луѓето се уште не покажуваат симптоми и неколку дена, пред носителот да може да го шири вирусот на други луѓе.
Доколку Агенцијата за лекови и набавка го дозволи неговото користење, производството може да почне во средината на мај.
Најавите се дека овој тест ќе може да го открие присуство на вирусот четири дена порано од досега.
Тестот произлегува од проект на ДАРПА, агенцијата на американската војска задолжена за „напредно истражување“, чија цел била „рапидна дијагноза на труење од хемиско и бактериско војување“. Почетното истражување било итно пренаменето кога стартуваше пандемијата, а новите тестови се очекува во текот на една седмица по итна постапка да добијат одобрување од ФДА.