Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија е зголемен за 4.368 во последните 24 часа, пренесува „Ројтерс“.
Во Велика Британија од почетокот на пандемијата ковид-19 е потврден кај повеќе од 398.000 луѓе, а речиси 42.000 пациенти починале.
Обединетото Кралство забележа значително зголемување на бројот на нови случаи во текот на изминатите неколку недели.