Словачката претседателка, Зузана Чапутова, ја назначи новата влада од десниот центар на чело со премиерот Игор Матович, откако на изборите во февруари на власт дојдоа партиите кои жестоко се заложија против корупцијата.
Матович и неговиот тим на свеченоста за преземање на должноста пристигнаа со маски поради пандемијата од коронавирусот. Словачка пријави 137 случаи на заразени во текот на месецов, без жртви.
Новата влада ја презема функцијата во време кога централноевропската земја со 5,5 милиони жители се бори со епидемијата на коронавирус што ја затвори Европа, така што коалицијата на Матович во која има четири партии, беше принудени брзо да се договори за составот на новиот кабинет.
Новата влада ќе ја замени владата на партијата од левиот центар, Смер, која со земјата владееше во 12 од последните 14 години.
Популарноста на Смер опадна во 2018 година по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата вереница, што предизвика масовни улични протести кои се претворија во движење против високата корупција.