„Новавакс инк“ денеска објави дека може да почне со комерцијално производство на вакцината „ковид-19“, која е ефикасна против варијантата на вирусот омикрон, во јануари в година и во моментот тестира дали нејзината сегашна вакцина дејствува против таа варијанта.
Другите производители на вакцини против коронавирусот, „Модерна“ и „Фајзер“, исто така почнаа да работат на производство на вакцина против ковид-19, која е ефикасна против новиот сој на коронавирусот омикрон.
Лабораториските податоци, кои се очекуваат во наредните недели, ќе покажат дали антителата на лицата што претходно ја примиле вакцината на „Новавак“ против ковид-19 може да го неутрализираат новиот сој, соопшти компанијата.