Повеќе од 97 проценти од смртните случаи од ковид-19 во Израел во текот на минатиот месец се луѓе кои не бea вакцинирани, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Околу 38 проценти од деветте милиони жители во Израел примиле барем една доза вакцина, објави израелското Министерство за здравство, објави „Ројтерс“.
– Сакам да ви кажам еден шокантен факт: Во текот на минатиот месец – последните 30 дена – починаа 1.536 луѓе (од ковид-19) во државата Израел. Повеќе од 97 проценти од нив не биле вакцинирани. Помалку од три проценти се вакцинирани – рече Нетанјаху.