Во Италија бројот на нови случаи на зараза со ковид-19 се намалува во целата земја, вклучувајќи ја и Ломбардија, најтешко погодениот италијански регион.
Исклучок е Лигурија, каде што бројот на нови случаи се зголемува.
Во Италија регистрирани се 178 новозаразени, што е најмала бројка од 26 февруари, а според вчерашниот извештај имаше 355.
Негативен извештај доаѓа од Лигурија, каде што, според последните дневни податоци, заразени се 56 лица, а во Ломбардија забележани се 50 позитивни случаи на ковид-19.
Бројот на починати како последица на ковид-19 исто така се намалува во споредба со вчерашните 75 и денеска изнесува 60, а вкупниот број жртви од вирусот е 33.475.
Првиот официјален случај на инфекција во Италија беше регистриран на 21 февруари во Кодоњо, на северот од земјата.