Во Германија бројот на заразени со коронавирус е нагло зголемен, па се регистрирани 2.660 нови случаи, а починале уште 31 човек.
Вкупниот број на заразени е 80.641, а вкупниот број на жртви е речиси 1.000.
Бројот на починати и заразени во изминатите 24 часа се зголеми на најмногу досега, соопшти Институтот „Роберт Кох“.
Епидемијата на коронавирус најмногу ги погоди големите сојузни покраини како Северна Рајна-Вестфалија, Баварска и Баден-Виртемберг.