НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Ја мобилизираме поддршката на сојузниците за да им помогнеме на оние кои имаат очајна потреба – рече Столтенберг во интервју за „Ројтерс“.
Столтенберг додаде дека турски авион денеска ќе испорача медицинска опрема за Шпанија и Италија.
Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оцени дека коронавирусот претставува „глобална здравствена криза“ и нагласи дека „НАТО ја дава својата улога за да помогне во заедничката борба против невидливиот непријател“.