Вкупниот број на инфицирани од коронавирус во Италија надмина 200.000, соопштија денеска италијанските власти.
Во последните 24 часа потврдени се уште 2.091 новозаболени, со што бројот на заразени се искачи на 201.505, пренесува „Ројтерс“.
Исто така, во последните 24 часа зголемен е и бројот на починати – 382, што е за околу 50 повеќе од претходниот ден, додека вкупниот број на смртни случаи сега е 27.359.
Во Италија, по речиси двомесечна изолација, од 4 мај ќе почне олабавување на мерките против коронавирусот, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во своите региони.