Во Москва утре ќе почне третата фаза во ублажување на мерките, воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Од утре ќе се отворат рестораните, спортските сали и градинките.
– Од утре, по пауза од три месеци, рестораните и кафулињата ќе започнат со работа. Спортските сали, базените и спортските комплекси ќе ги отворат своите врати. Библиотеките и предучилишните установи, исто така, ќе работат повторно – соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повторно ќе започне речниот сообраќај на реката Москва.
Иако работата на туристичките водичи во Москва е сè уште забранета, туристичките агенции ќе ги отворат своите врати и со тоа ќе го означат почетокот на туристичката сезона, пренесува агенцијата ТАСС.
Останува обврската за носење маски, ракавици и одржување на физичко растојание.