Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе започнат во средината на март во САД, изјави Ентони Фаучи, водечки имунолог во Америка.
„Испитувањата од првата фаза ќе започнат наскоро“, рече имунологот на прес-конференцијата што ја одржа тимот на Белата куќа, одговорен за борбата против ковид.
Засега нема да се проучува, ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста на производот, односно неговата способност да предизвика реакција на имунитет, прецизира Фаучи, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе кај мал број луѓе.