Министерот за финансии на Франција, Бруно ле Мер, соопшти дека е позитивен на коронавирус.
Тој на Твитер напиша дека немал симптоми и дека ќе продолжи со работа од дома.
Мер наведува дека ќе биде во изолација седум дена.
– Веднаш почнав да ги следам здравствените мерки што ги донесе Владата и се изолирав во домот – напиша Мер.
Минатата недела францускиот премиер, Жан Кастекс, соопшти дека е позитивен на ковид-19. Тој се заразил по контакт со позитивно лице на велосипедската трка Тур де Франс.
Во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13.215 новозаболени.