Германските власти денес изјавија дека мерките против коронавирусот треба да останат во сила сè додека не се вакцинира поголемиот дел од населението, а еден официјален претставник го нарече планот на Англија за укинување на повеќето ограничувања, и покрај ширењето на делта-сојот, „крајно ризичен експеримент“.
На 19 јули, Англија ќе ги укине законските услови за носење маски, како и мерката за социјално дистанцирање.
Германскиот министер за економија Питер Алтмајер изјави дека ограничувањата поврзани со коронавирусот се уште се неопходни со цел да се избегне ново заклучување на економијата, пренесуваат агенциите.
Германија денес објави 646 нови случаи на коронавирус, што е повеќе од 440 лица од пред една недела.
Исто така, забележано е зголемување на просекот од седум дена, на 100. 000 луѓе, од 4,9 на 6,4.
Потегот на Франција да воведе задолжителна вакцинација за сите здравствени работници предизвика дебата во Германија за тоа дали луѓето од некои професии треба да бидат принудени да се вакцинираат.
Алена Бујкс, шеф на германскиот совет за етика, изјави дека задолжителните вакцини не се неопходни во Германија и дека Германија има многу подобра стапка на вакцинација меѓу здравствените работници отколку Франција.