Германија ќе донира три милиони дози вакцини против Ковид-19 за земјите од Западен Балкан, изјави денеска германската канцеларка, Ангела Меркел.
„Ќе го сториме тоа што е можно поскоро“, нагласи таа на прес-конференцијата по Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан, на кој беше домаќинка, објави „Ројтерс“.
„Убедена сум дека иднината на Западен Балкан е во вистински обединета Европа“, рече германската канцеларка неодамна.
Во видео порака во неделата, Меркел рече дека е среќна, иако тоа ќе биде само виртуелен состанок, што ќе може да продолжи да работи со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, во рамки на процесот што беше покренат во 2014 година, по иницијатива на Германија.