Откако принцот Чарлс (71) дознал дека е позитивен за коронавирус, тој и неговата сопруга Камила се во самоизолација на имотот Балморал во Шкотска. Чарлс, пишува „Дејли мејл“, има само благи симптоми, и се разболел две недели по средбата со принцот Алберт од Монако, кој исто така е заразен со вирусот ковид-19.
Меган Маркл била особено загрижена поради појавата на зараза во британското кралско семејство – со оглед на тоа дека принцот Хари и таа престојуваат на канадскиот остров Ванкувер некое време, Меган наводно му забранила на сопругот да го посети својот болен татко – се разбира, плашејќи се дека и тој самиот би можел да се зарази.
– Таа во никој случај не сака Хари да патува во Велика Британија. И двајцата се фрустрирани затоа што сакаат да помогнат, но со оглед на околностите, не можат – изјавила блиска пријателка на Маркл.
Хари не го видел својот татко, принцот Чарлс, од 9 март, но постојано се во контакт. Покрај тоа, се чини дека пандемијата на коронавирусот ги зближила членовите на кралското семејство.
– Хари многу се грижи за своите татко и баба, кралицата Елизабета Втора. Се чувствува беспомошен. Постојано се слуша со неговиот постар брат, принцот Вилијам. Иако е во Канада, тој вети дека ќе му помогне на семејството колку што може – вели пријателката на Маркл.