Компанијата „Мајкрософт“ одлучи да им дозволи на своите работници трајно да работат од дома, но оние што ќе се одлучат да го сторат тоа, ќе мора да се откажат од работниот простор во просториите на американскиот гигант, пренесе денес информативната интернет-страница специјализиран за технологија The Verge.
Во ситуација кога огромното мнозинство работници во „Мајкрософт“ работат од дома поради пандемијата на ковид-19, производителот на софтвер интерно претстави насоки за хибридно работно место за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува The Verge.
До 30 јуни во интернет-гигантот биле вработени 163.000 лица, од кои 96.000 во САД.
– „Мајкрософт“ ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а менаџерите ќе може трајно да работат од далечина – пишува The Verge.
„Мајкрософт“ го прифати тој систем на работа почнат во технолошкиот сектор, како и „Фејсбук“, кој одобри постојана работа од дома.